Skip to content
Почетна > Средба на делегација на Дипломатскиот клуб – Скопје со амбасадорот на Република Туркије во Скопје, Фатих Улусој

Средба на делегација на Дипломатскиот клуб – Скопје со амбасадорот на Република Туркије во Скопје, Фатих Улусој

Делегација на Дипломатскиот клуб – Скопје, предводена од потпретседателката Сања Зографска, на 2 февруари 2026 година беше примена од амбасадорот на Република Туркије во Северна Македонија, Н.Е. Фатих Улусој.
На амбасадорот му беа претставени најважните цели на Дипломатскиот клуб насочени кон следење и анализирање на македонската надворешна политика, како и на меѓународните односи во овие турбулентни геополитички превирања. Амбасадорот беше запознаен со дел од активностите на Клубот како што се организацијата на трибини и тркалезни маси, средби и разговори со претставниците на дипломатскиот кор, пренесувањето на искуствата на помладите дипломатски кадри и публикувањето на специјализираното списание „Дипломатски летопис“.
Амбасадорот Улусој со задоволство ја прифати поканата за идна средба со поширок состав на членовите на Дипломатскиот клуб и за свој прилог во „Дипломатскиот летопис“, за придонесот на турската дипломатија во одржување на мирот во светот. Потоа, тој направи и поширок осврт за состојбите во регионот на Блискиот и Средниот Исток, како и за значајните можности за натамошен развој на македонско-турските односи.

Скопје, 3 февруари 2026 година

 

 

Сподели ја оваа објава на: