
Почитувани пријатели и колеги,
По повод триесетгодишнината од приемот на Северна Македонија во ОБСЕ и Советот на Европа, пристапувањето во програмата на НАТО „Партнерство за мир“ и воспоставувањето дипломатски односи со САД, Грција и други земји, како и со ЕУ, Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија (ЗВРОБ) и Дипломатскиот клуб – Скопје (ДКС) имаат чест да ве поканат на
Трибина
“Република Северна Македонија: три децении во европската и евро-атлантската политичко-безбедносна архитектура“
на 19 декември (петок) 2025 година во 10.30 часот, во Домот на АРМ, Скопје
Трибината има за цел да ги анализира историските, политичките, економските и безбедносните аспекти од приемот на Северна Македонија во Советот на Европа и ОБСЕ, пристапувањето во програмата на НАТО „Партнерство за мир“ и воспоставувањето дипломатски односи со САД, Грција и други земји, како и со ЕУ. Акцентот ќе биде ставен на придобивките на државата од членството во овие водечки меѓународни организации, зацврстувањето на нејзината меѓународна позиција, внатрешна стабилност и нејзината улога во современата архитектура на колективната безбедност. Особено внимание ќе биде посветено и на глобални и регионални предизвици поврзани со турбулентните и драматични геополитички случувања, војната на Европскиот континент и новите безбедносни ризици, како и на предизвиците во процесот на нашата интеграција во ЕУ.
Со организирањето на оваа трибина ЗВРОБ и ДКС одбележуваат еден исклучително важен историски јубилеј – триесет години од меѓународното етаблирање на Северна Македонија и ја потврдуваат нивната посветеност кон стабилност, развој, слобода, безбедност и демократија во државата и во светски рамки (во прилог е Нацрт-програмата на Трибината).
Ве молиме Вашето учество да го најавите најдоцна до 17 декември (среда) 2025 година на една од следните две email адреси:
veteranirsm@gmail.com или contact@diplomatskiklub.org.mk
Во очекување на Вашиот ценет одговор,
Со почит,
Д-р Темелко Ристески Амбасадор Јован Теговски
Претседател на ЗБРОБ Претседател на ДКС
Нацрт- програма
ТРИБИНА
“Република Северна Македонија: три децении во европската и евро-атлантската политичко-безбедносна архитектура“
19 декември (петок), 2025 година, Дом на АРМ
10:30-11:00ч. Регистрација на учесниците
11:00-11:10ч. Поздравно обраќање
- г-дин Зоран Димитровски, Заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија
11:10-11:30ч. Воведни обраќања
- амбасадор Јован Теговски, претседател на Дипломатски клуб-Скопје
- проф. д-р Трајан Гоцевски, прв министер за одбрана на Република Македонија
11:30-12:30ч. Панел-дискусија/излагачи
- амбасадор Виктор Габер, секретар на Дипломатски клуб – Скопје
- амбасадор Огне Малески, прв македонски амбасадор во ОБСЕ
- амбасадор Благој Зашов, прв македонски амбасадор во Совет на Европа
- амбасадор Андреј Лепавцов, директор за ЕУ во МНРНТ
- г-дин Зоран Додевски, полковник во пензијa
- проф. д-р Марина Андева, Универзитет Американ Колеџ Скопје
12:30-12:45ч. Прашања и одговори
12:45ч. Заклучни согледувања
- проф. д-р Темелко Ристески, претседател на ЗВРОБ
Модератор на Трибината: г-ѓа Сања Зографска, потпретседател на Дипломатски клуб-Скопје