Skip to content
Почетна > Благодарница за Живко Мукаетов, Генерален менаџер на А.Д. Алкалоид

Благодарница за Живко Мукаетов, Генерален менаџер на А.Д. Алкалоид

Делегација на Дипломатскиот клуб – Скопје (ДКС), составена од претседателот Јован Теговски и потпретседателката Сања Зографска оствари средба со Живко Мукаетов, Генерален менаџер на А.Д. Алкалоид и Почесен генерален конзул на Кралството Данска и Почесен конзул на Кралството Норвешка во Северна Македонија.

Во пријателски и срдечен разговор Теговски, во името на Клубот, на г-динот Мукаетов му врачи Благодарница за досегашната успешна соработка и поддршка на А.Д. Алкалоид на активностите на ДКС. Во тие рамки, беа претставени најважните оставарени и планирани активности на ДКС којшто оваа година одбележува 15 години од неговото формирање и 10 години од излегувањето на првиот број на специјализиранто списание “Дипломатски летопис“. Воедно, беа разменети идеи околу околу продолжувањето на соработката и во идниот период. При тоа, Теговски ја нагласи и важноста на спортската дипломатија и улогата на Живко Мукаетов, како досегашен претседател на Ракометната федерација на Македонија, и на македонската ракометна репрезентација како вистински спортски амбасадор во промоцијата на нашата држава на меѓународен план.

На средбата се разговараше и за други теми, вклучително и за шестмесечното претседавање на Кралството Данска со Советот на Европската унија коешто започнува на 1 јули 2025 година.

Сподели ја оваа објава на: