Skip to content
Почетна > ДА ГО НАДОГРАДИМЕ ГОЛЕМОТ ИСЧЕКОР КОН ЕУ

ДА ГО НАДОГРАДИМЕ ГОЛЕМОТ ИСЧЕКОР КОН ЕУ

Дипломатски клуб – Скопје
Бр. 49/22
Скопје, 20 јули 2022

ДА ГО НАДОГРАДИМЕ ГОЛЕМОТ ИСЧЕКОР КОН ЕУ

Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб го поздравува вчерашното отворање на пристапните преговори за членство на Република Северна Македонија и Република Албанија во Европската унија и реализацијата на одлуката на Европскиот совет од март 2020 година.

Макотрпниот 17-годишен пат до постигнување на оваа цел не ја смалува потребата од дополнителни усилби за унапредување на нашиот сериозен пристап, како кон изградба на стабилен, демократски и правен систем, така и создавање на кадровски и материјални услови за дипоматска одбрана на поставените цели од значење за националните и државните интереси на земјата.

Увидовме дека пробивањето на нашата национална и општествена реалност на меѓународен план се судруваше со разни, егоистички и во минатото пошироко етаблирани интереси на државни ентитети, состојби кои го запираа и условуваа остврувањето на евро-атланските стратешки цели на земјата. Достигнувањето на ова ниво на интеграција и искуството од тешките компромиси треба да ни дадат дополнителен мотив за нивното надминување и со мудрост и работна посветеност да ги искористиме геостратешите поместувања, сè со цел за мирен, стабилен социо-економски развој на сите сегменти од нашето мултинационално општество. Придонесот на дипломатското преговарање, како многу пати досега, и во овој случај одигра значајна улога.

Денес ништо не е како што беше вчера. Од корен се поместуваат нашите политички, економски, безбедносни и социјални интереси. Процесите на постепено приспособување и делегирање во еден заеднички центар на до вчера суверените права на земјава бара општествен консензус и силна дипломатска активност. Овие „жртви“ беа видни во текот на пристапните преговори на низа земји денес членки на Еврипската унија и НАТО, промени кои допираа и до нивните највисоки нормативни акти. Сепак, одговорноста за реализација на македонските плебисцитарно прифатени стратешките цели за развој лежи кај секого од нас.

Огнен Малески, претседател

Сподели ја оваа објава на: