На 20 септември 2018 година, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа Дипломатско-академска дебата на тема „Преспанскиот договор, меѓународната позиција на РМ и…“ во организација на Дипломатскиот клуб и Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Целта на оваа дебата беше насочена кон анализа на импликациите од Договорот во однос на неколку аспекти, како името, идентитетот и ризиците, психолошките бариери на двете страни, митовите во политиката, формирањето на националните митови, меѓународните договори како и индивидуалните човекови права.
Воведно обраќање на дебатата даде државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски кој зборуваше за надворешно-политичките приоритет на Република Македонија и нивното оствраување во изминатаат година со посебна нагласка на остварување на стратешните пиоритети на државата за интегрирање во НАТО и Европската Унија.
На дебатата, свои експертски видувања за посочените теми имаа и членовите на Дипломатскиот клуб, Данчо Марковски, Сашко Тодоровски, Виктор Габер и Благој Зашов, како и членките на академската заедница, професорките Виолета Петровска Бешка, Ирена Стефоска и Мирјана Најчевска. Воведничарите на дебатата одговараа и на серија на прашања од аудиториумот во слата на МНР.