Во куќата на Македонската академија на науките и уметностите „Уранија“ во Охрид, на 30 септември 2018 година се одржа промоцијата на Зборникот „За и од Киро Глигоров“, а по повод и 25-тата годишнина од приемот на Република Македонија во Обединетите нации.
За значењето на овој Зборник, личноста на Киро Глигоров и неговата улога во процест на приемот на Република Македонија во Обединетите нации, говореа поранешниот советник на претседателот Глигоров и член на Клубот, Ахил Тунте, претседатеот на МАНУ, Таки Фити и претседателот на Клубот, Виктор Габер. Собирот го поздрави и градоначалникот на Охрид, Јован Стојановски.
На оваа промоција беше претставен и петтиот број на списанието на Дипломатскиот клуб „Дипломатски летопис“ од страна на главниот уредник на списанието, Драган Јањатов.