Skip to content
Почетна > Дипломатскиот клуб од Скопје на 27 март 2018 го одржа своето Годишно собрание.

Дипломатскиот клуб од Скопје на 27 март 2018 го одржа своето Годишно собрание.

Овој клуб како невладина организација постои осум години и во него членуваат дипломати од кариера кои работат во Министерството за надворешни работи или кои се во пензија, а кои со децении професионално се определиле за дипломатијата. Во изминатиот период, основната дејност и ангажирање на Клубот беа да организира средби, разговори, конференции, тркалезни маси и друг вид на активности поврзани со македонската дипломатија и надворешната политика на Република Македонија. Клубот го издава списанието „Дипломатски летопис“. Членови на клубот во јавноста на Република Македонија се појавија со сетија на свои дела од оваа област.

На Генералното собрание, делегатите му се заблагодарија за досегашниоот успешен ангажман на претседателот, амбасадорот Данчо Марковски, избраа нов Извршен и Надзоен одбор, а за нов претседател на Клубот беше избран амбасадорот Виктор Габер.

Сподели ја оваа објава на: