Дипломатски клуб – Скопје Бр. 6/22 Скопје, 28.2.2022 |
||
СООПШТЕНИЕ
ЗАПРЕТЕ ЈА ВОЈНАТА – ДАЈТЕ И ШАНСА НА ДИПЛОМАТИЈАТА! |
Членовите на здружението на граѓани „Дипломатски клуб – Скопје се придружуваат кон апелите на целокупната мирољубива заедница за итнозапирање на воените дејствија во Украина во која страдаат нејзините граѓани и се девастираат вековно создадените нивни материјални придобивки. За секоја осуда е наредбата на рускиот претседател Путин за воена инвазија врз територијалниот интегритет на суверена Украина.
Современата цивилизација, хуманоста и маѓународното право ја забрануваат употребата на сила за разрешување на конфликти и повикуваат на давање на шанса на дипломатијата! За жал, дипломатијата не беше искористена пред отпочнување на воените акции во кои гинат недолжни граѓани, жени и деца, економиите на засегнатите страни, како и оние на регионот и пошироко доживуваат колапс – човештвото се враќа во своите најстари атавистички самоуништувачки фази.
Бараме, веднаш да прекинат воените дејствија во Украина, за овој судир да не се претвори во глобална,светска катастрофа. Ги повикуваме дипломатите на своите лидери реално да им ја пренесат антивоената атмосфера на светското население кое бара мир за да се обезбедатсуштинските цели– развој и благосостојба.
За Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб – Скопје
Доставено и до сите странски ДКП во Скопје, РС Македонија