Skip to content
Почетна > ИЗЛАГАЊЕ НА СЕКРЕТАРОТ НА ДИПЛОМАТСКИОТ КЛУБ ВИКТОР ГАБЕР НА МЕЃУНАРОДНАТА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД 80 ГОДИШНИНАТА ОД АСНОМ

ИЗЛАГАЊЕ НА СЕКРЕТАРОТ НА ДИПЛОМАТСКИОТ КЛУБ ВИКТОР ГАБЕР НА МЕЃУНАРОДНАТА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД 80 ГОДИШНИНАТА ОД АСНОМ

Секретарот на Дипломатскиот клуб – Скопје, Виктор Габер на меѓународната научна конференција „АСНОМ, Израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“, настапи со реферат на тема „Геополитиката и воените мисии на АСНОМ – инаугурација на новиот меѓународен субјект“.

            Основниот приод во рефератот на Габер беше истражувањето за одделните активности на воените сојузнички мисии кои престојувале при Главниот штаб на НОБ и Партизанските одреди на Македонија од 1943 до 1945 година, што придонело за поцврсто координирање на борбата на партизаните против окупаторите во Македонија на сојузниците во Антихитлеровата коалиција. Наведувајќи серија на факти, публикации и архивски документи тој укажа дека присуството и земањето збор на заседанијата на АСНОМ на британската , американската и советската мисија претставувало прифаќање од страна на овие сили на реалната состојба на теренот во овој клучен период на конституирање на највисоките македонски органи на власт. Со тоа АСНОМ е оној  историски пресврт во повеќевековната борбата на македонскиот народ за суверено владеење со својата судбина и за дефинитивно етаблирање на својата држава на меѓународен план.

Сподели ја оваа објава на: