На покана на Сојузот на ветераните, на 29 ноември 2022 година членот на Дипломатскиот клуб – Скопје Виктор Габер одржа предавање на тема „Македонската дипломатија во современите збиднувања во светот.“ На овој настан земаа учество членови на Асоцијацијата на граѓански здруженија во одбраната, безбедноста и меѓународните односи, во која членува и Дипломатскиот клуб – Скопје.
Во своето излагање Габер ги изнесе основните поставки на делување на дипломатијата на Северна Македонија во изминатите три децении. Тој особено се задржа на најактуелните преземања на државата на меѓународен план во процесот на приклучување кон Европската унија, претседавањето со ОБСЕ, како и поставувањето на дипломатијата во текот на актуелната криза со агресијата на Руската федерација во Украина во време на актуелна енергетска и економска криза во светот.
По опстојната дискусија и одговорите кои беа дадени на поставените прашања, членот на Клубот и претседател на Управниот одбор на Сојузот на филателисти на Македонија, Димитар Белчев на присутните им го претстави проектот за издавање на поштенски коверти со ликовите на народните херои од НОБ од Македонија.