Деновиве излезе од печат најновиот, 14 број на единственото дипломатско списание во земјава, „Дипломатски летопис“, во списанието, што го издава Дипломатскиот клуб Скопје. На околу 90 страници, се претставини вообичаените рубрики на списанието, од областа на меѓународната политика и дипломатските односи на нашата земја на билатерален и на мултилатерален план. Како на пример “Актуелности“, „Годишнини“, „Културна дипломатија“, “Повеќе од дипломатија“, „Почесни конзулати во РС Македонија“ , “Сеќавања“, „Меѓу два броја“ и други.
Како воведен го издвојуваме прилогот на М-р Бојан Маричиќ, заменик претседател на владата на РСМ, задолжен за европски прашања пред Европската унија: „Република Северна Македонија пред вратата на Европската унија“.
Во „Историскиот преглед“, се содржани навраќања на заслужни личности во земјава, за развојот на македонската дипломатска служба во изминатите години.
Скопје, 1 март 2023 година