Skip to content
Почетна > Панел-дискусија за важноста на културната дипломатија на Северна Македонија

Панел-дискусија за важноста на културната дипломатија на Северна Македонија

На 19 јуни, 2025 година, во заедничка организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и Установата од културата за музејска и галериска дејност – ОСТЕН АРТ, во Галеријата ОСТЕН се одржа панел-дискусија на тема“ Културната дипломатија на Северна Македонија: потенцијали, предизвици и перспективи“, а по повод четири значајни јубилеи: 80 години од постоењето на ОСТЕН, 40 години од творештво на ликовниот уметник Живко Поповски-Цветин, 15 години од формирањето на Дипломатскиот клуб – Скопје и 10 години од издавањето на „Дипломатски летопис“

Во поздравните обраќања на претседателот на Дипломатскиот клуб, амбасадорот Јован Теговски и претседателот на ОСТЕН АРТ Мице Јанкуловски беше истакната важноста на културната дипломатија на Северна Македонија за нашето општество, нашата надворешна политика и промоцијата на нашите културни вредности на меѓународен план. Посебен фокус беше ставен на ликовната уметност и градењето на идентитетот на нашата земја на меѓународен план. Тие нагласија дека Дипломатскиот клуб – Скопје и ОСТЕН ќе продолжат со својата мисија на поврзување на дипломати, уметници, интелектуалци и млади лидери – со цел да придонесат во изградбата напоотворено, покреативно и поинклузивно општество, а преку тоа и покредибилна надворешна политикаво којашто културната дипломатија ќе го има местото коешто го заслужува.

Во дискусијата, модерирана од  Корнелија Конеска, извршен директор на ОСТЕН, настапија Гордана Јанковска од Дипломатски клуб, Живко Поповски – Цветин, ликовен уметник и Dr. Pick Keobandith, главен уредник на списанието за култура и дипломатија “Target Global Magazine“од Брисел(on-line) коишто зборуваа за уметничкиот идентитет на Северна Македонија, институционалните и неформални дипломатски канали на културната дипломатија, споделија лични приказни за нивниот ангажман како културни амбасадори на нашата земја итн.

     

Настанот беше искористен и за потпишување на Меморандум за соработка меѓу Дипломатскиот клуб – Скопје и ОСТЕН АРТ Скопје со којшто се утврдува рамката на нивната идна соработка.

 

По завршувањето на панел-дискусијата беше отворена изложбата на ликовниот уметник Живко Поповски Цветин “40 години цвеќиња на мирот.

 

Сподели ја оваа објава на: