Skip to content
Почетна > Покана до сите членови на Дипломатскиот клуб – Скопје

Покана до сите членови на Дипломатскиот клуб – Скопје

Како што најавивме, ги повикуваме сите членови на Дипломатскиот клуб – Скопје да земат активно учество на нашето редовно Годишно собрание, кое ќе биде и Изборно собрание.

Собранието ќе го одржи во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија на 16 април 2024 година во 11.00 ч.

Извршниот одбор го предлага следниот Дневен ред на Собранието:

1. Избор на Работно претседателство и на записничар;

2. Предлог-Извештај за активностите 2022-2024 година, со дискусија и усвојување на Извештајот;

3. Разрешување и избор на нов Извршен одбор, на Надзорен одбор и секретар на Дипломатскиот клуб;

4. Отворена расправа за теми и иницијативи од интерес за членовите на Клубот.

5. Разно

 

Претседател
Огнен Малески

Сподели ја оваа објава на: