ПОКАНА
за редовното годишно собрание на Дипломатскиот клуб – Скопје
15 мај (четврток), 2025 година во 11:30 часот во МНРНТ
Почитувани членови на Дипломатскиот клуб – Скопје,
Имам чест и задоволство да Ве поканам на редовното годишно собрание на Дипломатскиот клуб – Скопје (ДКС) коешто ќе се одржи на 15 мај, 2025 година со почеток во 11:30 часот во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија.
На Собранието, поздравно обраќање ќе има заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија г-динот Зоран Димитровски, а покрај вообичаениот дел посветен на активностите на Клубот, ќе бидат одбележани и двата јубилеи – 15 години од формирањето и делувањето на ДКС и 10 години од излегувањето на првиот број на списанието “Дипломатски летопис (во прилог предлог-дневниот ред). Настанот ќе биде искористен на сите членови на Клубот коишто ќе изразат интерес да им бидат поделени членски легитимации. За таа цел, потребно е тие членови да достават нивна фотографија во електронски формат на емаил адресата viktor_gaber@yahoo.co.ukнајдоцна до 13 мај, 2025 година.
Имајќи ги предвид засилените безбедносни протоколи за влез во МНРНТ (влезот ќе биде од вратата на западната страна на министерството), молам вашето присуство на собранието да го потврдите на емаил адресата: contact@diplomatskiklub.org.mk најдоцна до 13 мај, 2025 година.
Во очекување на вашето присуство и активно учество на собранието,
Со почит,
Јован Теговски
Претседател на Дипломатски клуб – Скопје
|
ПРЕДЛОГ ДНЕВЕН РЕД за редовното годишно собрание на Дипломатскиот клуб – Скопје (ДКС) 15 мај (четврток), 2025 година во 11:30 часот во амфитеатарот на МНРНТ
11. Разно |