рупа членови на Дипломатскиот клуб, на 27 септември.2022 година на гробиштата Бутел во Скопје ги посетија гробовите на серија македонски дипломати и им оддадоа почит за нивниот придонес во афирмација на македонската реалност и држава во меѓународни размери.
На скромните церемонии на полагање букети цвеќиња и полење на свеќи присуствуваа и дел од семејствата на македонските дипломати Вања Тошевски, Ахил Тунтев, Ванчо Андонов, Трајан ПетровскиЗлатко Лечевски, Ристо Блажевски, Миле Крстевски…. Притоа беа евоцирани и спомени од дипломатските активности и нивните починати колеги.