Во домот на АРМ на 31 јануари 2025 година, претседателот на Дипломатскиот клуб – Скопје, амбасадорот Јован Теговски и претседателот на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија д-р Темелко Ристески потпишаа Меморандум за соработка а што претставува продолжување на долгогодишната колегијална и плодна соработка меѓу двете здруженија.
Со потпишувањето на овој Меморандум соработката меѓу двете страни добива нов квалитет со цел нејзино натамошно унапредување и збогатување, како и сензибилирање на јавноста за теми од одбраната, безбедноста и надворешната политика на Република Северна Македонија, вклучително и членството на државата во НАТО и заложбите за интеграција во ЕУ, дипломатијата, меѓународните политичко-безбедносни, одбранбени и воени прашања, како и во други области од заемен интерес, а со цел промоција на нашата држава на меѓународен план. Меморандумот обезбедува рамка за координација, планирање и реализација на заеднички проекти и активности како на пример организирање научни собири, конференции и јавни дебати околу актуелни теми од наведените области, меѓусебна поддршка и организирање на настани за пренос на стручни знаења и вештини, обуки и едукативни сесии за студенти и дипломати на државата, учество во изготвување проекти, студии, анализи и програми.
По потпишувањето на Меморандумот, членовите на двете здруженија одржаа и панел-дискусија и беа разменети мислења на тема “Дипломатските усилби за ставање крај на војната во Украина“. Притоа беа анализирани и досегашните обиди и најавите за изнаоѓање можни решенија за овој сериозен проблем кој ги загрозува мирот и безбедноста Европа и пошироко. .