Skip to content
Почетна > Почина нашиот Ахил Тунтев

Почина нашиот Ахил Тунтев

ДИПЛОМАТСКИ КЛУБ

С к о п ј е

Република Македонија

 

 DIPLOMATIC CLUB

S k o p j e

Republic of Macedonia

Бр. 64/20

Скопје, 11.11.2020

С О О П Ш Т Е Н И Е

за медиумите

Почина нашиот Ахил Тунтев

 

            Членовите на Диопломатскиот клуб денес се разделуваат од Ахил – нашиот член, долгогодишниот дипломат и новинар, колега, пријател, висперен аналитичар и еден од основоположниците на органите за односи со странство на Македонија.

             Тунтев со својата правна наобразба, со своето политичко искуство остави длабоки траги во креирањето и остварувањето на мирољубивата и конструктивна надворешна политика на државата, како носител на најодговорни функции во органите ангажирани за спроведување на таа политика. Како член на Кабинетот и тесно соработувајќи со првиот претседател на државата, Киро Глигоров, тој даде особен придонес во заземањето на ставови при раздружувањето од поранешната федерација на Република Македонија и нејзиното етаблирање како самостоен и суверен меѓународен субјект.

            Ни беше чест со Ахил да соработуваме, да расправаме и да анализираме неброени прашања од надворешната политика и дипломатијата, за нив заедно  да оставиме и писмени траги во неколку книги и списанија, а  тој беше и еден од иницијаторите за покренување на нашиот „Дипломатски летопис“. Со него ја збогатувавме литературата од оваа област – за идните македонски дипломати да се образуваат и да ги користат искуствата на оваа прва дипломатска генерација на независна Македонија, во чии темели Ахил Тунтев себе целосно се вгрди.

            Почивај во мир драг колега.

 

Од членовите на Дипломатскиот клуб 



[1] Соопштението за смртта на колегата Ахил Тунтев беше објавено на 11 ноември 2020 во следните медиуми:

MakPress, Денешен, Курир, Слободен Печат, А1 On, +инфо, Либертас и OhridNews. 

 

Сподели ја оваа објава на: