Skip to content
Почетна > ПРИЕМ И РАЗГОВОР СО ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ФИЛИП ТОСЕВСКИ

ПРИЕМ И РАЗГОВОР СО ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ФИЛИП ТОСЕВСКИ

Членови на Дипломатскиот клуб, предводени од претседателот на Клубот, Огнен Малески, на 15 декември го посетија и разговараа со новонаименуваниот државен секретар во Министерството за надворешни работи, дипломатот Филип Тосевски.

Посакувајќи му успешно обавување на функцијата во унапредување на местото на МНР во системот на органите на управата во Северна Република Македонија и во реализацијата на надворешната политика на државата, членовите на Клубот го запознаа со 12-годишната нивна активност во афирмација на нашата дипломатијата во општеството и на односите на државата со одделни земји и меѓународни организации.

Државниот секретар Тосевски ги запозна гостите со актуелните преземања на планот на организацијата на Министерството и ја изрази својата потполна спремност и отвореност за соработка со невладините организации, а особено со оние каков што е Клубот, што делуваат на планот на меѓународните односи.

Во размената на мислења истакната е потребата од искористување на искуствата на кариерите дипломати, поврзаноста на пензионираните дипломати со МНР и пренесување на нивните знаења и вештини во подготовките на новите генерации дипломати. За последниве, најавена можност за поттикнување на нивната креативност и преку осврти и анализи на теми од меѓународните односи и меѓународното право и преку објавување на текстови во „Дипломатскиот летопис“ што го издава Дипломатскиот клуб или на неговата електронска страница.

Сподели ја оваа објава на: