Skip to content
Почетна > Прием и размена на мнислења со Претседателот Стево Пендаровски

Прием и размена на мнислења со Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски на 24 септенври 2019 година прими делегација на здружението наактивни или поранешни дипломати „Дипломатски клуб“ одСкопје. Тој ги запозна членовите на Клубот со актуелнитенадворешно-политички активности и со очекуваниот развој во процесот наинтегрирњето на земјата во НАТО и во ЕУ.

Членовитена Клубот го информираа претседателот Пендаровски за постигањата на Здружениетово текот на својата десетгодишна активност и за етаблирање на дипломатијатакако една од најзначајните алки на државната структура. Притоа, беше истакнато дека од непомало значење се и напорите на Клубот за создавање на фонд за минатите иактуелните преземања на дипломатите од нашата земја и за обука на младите дипломатисо пренесување на знаењето од искусните кадри во македонската дипломатија какопрофесија во која постојано се учи.

На средбата беа разменети имислења за севкупните политички состојби во државатаповрзани со односите на Северна Македонија со земјите во регионот ипошироко, во реализација на стратешките цели на надворешната политика во контекстна интегрирањето на државата во евроатланските структури. 

Можеше да се констатира дека за остварување на надворешно-политичкитецели на државата треба да се делува преку средби со странски државници за времена билатерални посети во земјата и во странство и средби на маргините насветски собири. За договарање на вакви билатерални средби голема улога треба даодиграат нашите амбасадори кои ја претставуваат земјата во странство. 

Сподели ја оваа објава на: