На 17 декември 2019 година во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија беше промовирана најновата, петта по ред, книга на членот на Дипломатскиот клуб – Скопје Драган Јањатов, во издание на Издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје.
Книгата, во која на околу 300 страници, авторот прави историско-хронолошки преглед на создавањето и подемот на некогашниот Советски Сојуз, но и анализа на општествено- политичките меѓународни околности и причини на неговото распаѓање во почетокот на 90 години на минатиот век, ја проовираа професорот д-р Иван Додовски, декан на Универзитетот Американ колеџ во Скопје и амбасадорот Никола Тодорчевски, член на Дипломатскиот клуб.
По тој повод, пригодно обраќање имаше и амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја, Сергеј Баздникин, како претставник на еден од бројните државно правни субјекти, сукцесори на Советскиот Сојуз.
Модератор на промоцијата беше амбасадорот Виктор Габер, претседател на Дипломатскиот клуб, а на присутните им се обрати и авторот Драган Јањатов.