Во серијата на размени на мислења и излагања на шефови на странски дипломатски мисии во Скопје за надворешната политика и дипломатијата со членовите на Дипломатскиот клуб, на 4 април 2019 година во Министерството за надворешни работи се одржа средба со амбасадорот на Република Бугарија Н.Е. Ангел Ангелов.
Амбасадорот Ангелов се осврна на придобивките на Бугарија од интеграцијата во евроатлантските структури, оценувајќи ја оваа интеграција како значаен стимул за развој на бугарските капацитети во сите области.
Во дискусијата, која потоа се разви, беа анализирани и влијанието на евроатлантската интеграција на Бугарија врз состојбите во регионот на Југоисточна Европа, како и неопходните прилагодувања на надворешната политика на Бугарија по интеграцијата во евроатланските структури.