Skip to content
Почетна > Размена на мислења со претседателот на Владата, Зоран Заев

Размена на мислења со претседателот на Владата, Зоран Заев

На покана од Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, делегација на Дипломатскиот Клуб, на 3 јануари 2017 година, оствари средба со премиерот Зоран Заев.

 

На средбата со искусните активни и поранешни дипломати, претседателот на Владата Зоран Заев, информираше за актуелни прашања од облата на надворешната политика на земјата, за процесот на остварување на стратегиските интереси на Република Македонија во однос на Европската Унија, членството во НАТО, соседската политика, како и односите со САД и другите земји од глобалната политичка сцена. 

Посебно внимание беше посветено на можностите за новиот позитивен развој во унапредувањето на европските и евро-атлантските интеграции на земјата, со посебен акцент на односите со Република Грција и нејзиниот проблем со нашето уставно име.

Претставниците на Дипломатскиот Клуб се заблагодарија за можноста да бидат непосредно информирани за активностите на Владата во однос на ова прашање, како и за укажаната прилика да ги изнесат своите видувања, со оглед на фактот што искусните дипломати од ова неформално тело беа игнорирани од претходниот владин состав.

Премиерот Заев нагласи дека во период кога Република Македонија треба да донесе важни одлуки за овие наши стратегиски интереси, добредојдена е секоја добра идеја и искуство што можат да помогнат“.

Сподели ја оваа објава на: