Skip to content
Почетна > Симулација “Модел Европски парламент“ : младите се клучни за европската климатска и демократска иднина

Симулација “Модел Европски парламент“ : младите се клучни за европската климатска и демократска иднина

Претседателот на Дипломатскиот клуб – Скопје, амбасадорот Јован Теговски на 28 ноември, 2025 година учествуваше на отворањето на симулацијата “Модел Европски парламент“, при што упати силна порака за важноста на младите во обликувањето на климатските политики и демократските процеси во Европа (интегралното обраќање е достапно на…….)

Во обраќањето тој истакна дека Клубот, којшто годинава одбележува 15 години од своето постоење, останува посветен на градењето врски меѓу дипломатијата, општеството и новата генерација млади лидери нагласувајќи дека  “Младите Европејци, вклучувајќи ги и оние од Западен Балкан, веќе се на првата линија на климатската акција“. .Укажа дека Европа се соочува со серија комплексни предизвици – од последиците од војната во Украина, економските, демографските и мигрантските притисоци, до растечките хибридни закани – а климатските промени дополнително ја зголемуваат потребата од одговорни и амбициозни политики.

Дипломатскиот клуб ја потврди својата решеност да продолжи да го поддржува младинскиот ангажман преку едукативни програми, јавни дискусии, менторство и партнерства со институции посветени на младите.

Модел Европски парламент е важна платформа што им овозможува на младите да го искусат процесот на изготвување политики, да дебатираат, да предлагаат решенија и да го јакнат демократскиот капацитет на општеството.

На симулацијата, организирана од страна на МУНА – Асоцијација на Обединетите нации во Северна Македонија.во рамките на проектот „FutureEU: Empowering Youth Through Climate Models“, поддржан од програмата Еразмус+, учествува околу триесетина претставнициод различни академски и културни средини од Северна Македонија, Словенија и Бугарија.

Your browser does not support PDF files.Download the file instead 

Сподели ја оваа објава на: