ВОВЕДНО ОБРАЌАЊЕ
на
Амбасадорот Јован Теговски, претседател на Дипломатски клуб – Скопје
ТРИБИНА
“Република Северна Македонија: три децении во европската и евроатлантската политичко-безбедносна архитектура“
19 декември, 2025 година, Дом на АРМ
Почитувани заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски и прв министер за одбрана Трајан Гоцевски,
Драги колешки, колеги, пријатели и гости,
Дозволете ми, и во името на Дипломатскиот клуб – Скопје да ве поздравам и заблагодарам за вашето присуство на денешната трибина. Особено радува присуството на млади колешки, колеги и студенти a што е најдобар показател дека темите за коишто ќезборуваме не се однесуваат само на историјата, туку и на иднината.
Со одржувањето на оваа Трибина сакаме:
Годината 1995 претставува една од најзначајните пресвртници во современата политичка историја на нашата држава а донесените одлуки овозможија меѓународно етаблирање на државата и ја обликуваа стратешката патека којаштои денес ја одредува нашата позиција во европската и евроатлантската политичко-безбедносна архитектура.
Процесот на меѓународниот пробив на државатаво таа тешка година се одвиваше со забрзанадинамика и интензивен ангажман на македонската дипломатија. Во една дипломатска офанзивавоспоставивме дипломатски односи со 14 држави и Европските заедници, и бевме примени во КЕБС, Советот на Европа и програмата на НАТО Партнерство за мир.
Потпишувањето на Времената спогодба со Грција на 13 септември овозможи нормализација на односите со јужниот сосед и отстранување на една од главните надворешно–политички блокади.
Истиот ден, на 13 септември, беа воспоставени и дипломатски односи со Соединетите Американски Држави со што државата доби моќен стратешкипартнер и поддршка на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.
Приемот во КЕБС односно денешното ОБСЕ на 12 октомври и во Советот на Европа на 9 ноември претставуваше признание за улогата на државатакако фактор на стабилност во регионалната безбедносна архитектура, и обезбеди нејзина меѓународна легитимација, но и механизми за внатрешна трансформација
Пристапувањето кон Програмата на НАТО „Партнерство за мир“на 15 ноември, беше првиот институционален чекор кон стратешко безбедносно партнерство со Алијансата. Овој чекор дефакто значеше воспоставување дипломатски односи а што беше потврдено со наше вклучување во работата на Северноатлантскиот совет и потпишување на неколку договори до крајот на 1995 година, но и јасна порака дека иднината на државата е врзана за заедницата на демократски држави посветени на мирот и безбедноста.
Годината заврши со воспоставувањето дипломатски односи со Европската унија на 22 декември – чин што го отвори патот кон еден од нашите најважни стратешки приоритети: полноправно членство во ЕУ.
Но, втората половина на 1995 година беше обележана и со сериозни безбедносни предизвици. Најдраматичниот, секако беше атентатот врз претседателот Киро Глигоров на 3 октомври што силно го потресе општеството, но во исто време ја демонстрираше подготвеноста на институциите да одговорат соодветно на овој обид да се запре или барем забави процесот на нашето меѓународно етаблирање
Потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор на 14 декември, пак, донесе крај на војната во Босна и Херцеговина и создаде услови за поголема регионална стабилност.
Од денешна перспектива, јасно е дека овие чекори имаа долгорочни импликации, поставувајќи гитемелите на целокупната надворешно–политичка и безбедносна стратегија на државата.
Тие го трасираа патот кон договорните односи со Европската унија во 1996 и 2001 година, добивањето кандидатски статус во 2005 година (неславен 20 годишнен јубилеј), полноправното членство во НАТО, претседавањето со ОБСЕ итн.
Сепак, европската интеграција е пример за асиметрична патека, во којашто напредокот во реформите не секогаш беше проследен со политичка волја од страна на Унијата. За жал, таа патека и денес е исполнета со застои и блокади а што резултира со актуелниот статус кво на пристапниот процес.
Овие три децении покажуваат дека стратешката определба за европска и евроатлантска интеграција била исправна, дека дијалогот и компромисот биле неопходни, а партнерството со САД, НАТО и ЕУ клучно за нашата стабилност и развој. Прашањето што останува отворено е дали денес постои истото ниво на визија, консензус и стратешка определбакако што беше случај во тој критичен период.
Во актуелниот контекст на геополитичка фрагментација и нови безбедносни предизвици, војна во Европа, хибридни закани, надворешни малигни влијанија и нерешени регионални прашања,искуството од 1995 година нуди неколку важни поуки:
И новата Национална безбедносна стратегија на САД јасно укажува дека светот влегува во период на редефинирање на глобалниот поредок а што, меѓу редови, е еден вид порака и за нашата државаодносно потребата за зајакнување на институционалната отпорност и на професионалните дипломатски капацитети, како и носење храбри политички одлуки што ќе овозможат суштински напредок кон ЕУ.
Кога зборуваме за предизвиците, не смееме да заборавиме на младите. Политиката, економијата, дипломатијата и општеството мора да создаваат услови младите да останат, да напредуваат, да создаваат во својата земја и да веруваат дека во неаможе да се живее достоинствено.
На крајот, би сакал да упатам искрена благодарност и големо признание до сите ониедипломати, припадници на одбраната, Армијата,безбедноста и сите останати институции, медиуми граѓанско општество итн. коишто во изминатите три децении со професионалност и посветеност ја градеа меѓународната позиција на државата и придонесоа Северна Македонија денес да бидепочитуван партнер во европската и евро-атлантската политичко-безбедносна архитектура којашто дава свој придонес во колективната одбрана и глобалната безбедност.
Ви благодарам за вниманието.
СООПШТЕНИЕ
Во организација на Дипломатскиот клуб-Скопје и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија, на 19 декември, 2025 година во Домот на АРМ, се одржа Трибина на тема “Република Северна Македонија: три децении во европската и евро-атлантската политичко-безбедносна архитектура“. Целта на настанот беше да се одбележат 30 години од приемот на државата во ОБСЕ, Советот на Европа, програмата на НАТО „Партнерство за мир“ и воспоставувањето дипломатски односи со ЕУ, како и со 14 други држави во 1995 година, да се направи историска ретроспектива на патот на нашата држава кон нејзиното меѓународно етаблирање и остварувањето на надворешно-политичките приоритети, како и да се отвори дебата за предизвиците во актуелниот неизвесен и драматичен геополитички контекст.
Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски зборуваше за македонските ставови во однос на глобалните геополитички и геостратешки промени и нивното влијание на регионален план, придобивките од членството во НАТО и нашето профилирање како одговорен, доверлив и кредибилен сојузник и конструктивен партнер, што дава свој придонес во борбата против современите негативни трендови.
Воведни обраќања имаа амбасадорот Јован Теговски, претседател на Дипломатскиот клуб-Скопје (во прилог) и проф. д-р Трајан Гоцевски, прв министер за одбрана на Р. Македонија. Во панел дискусијата зборуваа амбасадорите Виктор Габер, Огне Малески, Благој Зашов и Андреј Лепавцов, полковникот во пензија Зоран Додевски и проф. д-р Марина Андева од Универзитетот Американ Колеџ Скопје, додека модератор на настанот беше Сања Зографска, потпретседател на Дипломатскиот клуб.
Дискусијата се фокусираше на настаните и процесите што се отворија со нашето осамостојување и борбата за меѓународно признавање. Потпишувањето на Времената спогодба со Грција и воспоставувањето дипломатски односи со САД го отворија патот за наше членство во најважните меѓународни организации и институционализирање на односите со ЕУ со што државата стана дел од европската и евро-атлантската политичко-безбедносна архитектура. Вградувањето на европските вредности и стандарди на полето на почитување на човековите права, владеењето на правото и јакнењето на демократијата во нашите демократски процеси и институции, како и придобивките од меѓународната соработка во областа на безбедноста и одржувањето на мирот и стабилноста придонесоа нашата држава денес да е почитуван член на меѓународната заедница. Панелистите се осврнаа и на актуелните состојби во Европа и во рамките на ЕУ, што влијаат и врз евроинтегративниот процес. Исто така, беше нагласена и потребата од создавање стабилни услови што ќе овозможат младите да останата , да напредуваат и да создаваат во својата држава.
Проф. д-р Темелко Ристески, претседател на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста во заклучните согледувања ги нагласи придобивките за државата од членството во ОБСЕ, Советот на Европа и договорните односи со ЕУ.
На Трибината присуствува членови на двете здруженија, генерали, претставници на МНРНТ, на академската заедница, на медиумите, како и поголема група на студенти од Универзитетот Американ колеџ и Факултетот за безбедност и други гости.
