Амбасадорот на Унгарија во Скопје Андраш Клејн на 29 јануари, 2025 година ја прими делегацијата на Дипломатскиот клуб – Скопје составена од претседателот Јован Теговски, потпретседателката Сања Зографска, секретарот Виктор Габери и членот Ѓорѓи Филипов, кој воедно и претседател на Советот на амбасадори.
Непосреден повод за средбата беше поканата доамбасадорот Клајн да учествува со свој прилог во следниот број на специјализираното списание на Дипломатскиот клуб „Дипломатски летопис“ а којашто тој со задоволство ја прифати.
Во отворен, колегијален и срдечен разговор беа разменети мислења во врска со неодамна завршеното претседателство на Унгарија со Советот на Европската унија, за предизвиците со коишто земјата се соочувала и за најважните резултати остварени во текот на шестмесечниот мандат. Во разговорот особен акцент беше ставен на ангажманот на Унгарија во процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан а којшто резултирал со низа конкретни оствараувања.