Skip to content
Почетна > Средба Дипломатски клуб – Здружение на ветерани и резервисти

Средба Дипломатски клуб – Здружение на ветерани и резервисти

На 16 декември, 2024 година, делегација на Дипломатскиот клуб – Скопје, предводена од претседателот Јован Теговски оствари работна средба со делегација на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија, предводена од претседателот др Темелко Ристоски.

На средбата беа разменети мислења и идеи во насока на интензивирање и збогатување на досегашната, плодна соработка меѓу двете здруженија. При тоа, стана збор за заедничко организирање настани во форма на конференции, тркалезни маси, панел дискусии од областите на надворешната политика, одбраната и безбедноста на Северна Македонија, како и воопшто меѓународните и регионалните политичко-безбедносни односи.

Имајќи ја предвид досегашната соработка и взаемниот интерс за нејзино унапредување, беше договорено двете здруженија да потпишат и соодветен Меморандум за соработка со којшто ќе бидат попрецизно утврдени областите и активностите на нивното заедничко делување.

Сподели ја оваа објава на: