Skip to content
Почетна > Средба на Делегација на Дипломатскиот клуб со Шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир и донација на книги и публикации за Кампот за бегалци во Визбегово

Средба на Делегација на Дипломатскиот клуб со Шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир и донација на книги и публикации за Кампот за бегалци во Визбегово

Делегација на Дипломатскиот клуб – Скопје, составена од претседателот Јован Теговски, потпретседателот Сања Зографска и секретарот Виктор Габер оствари средба со амбасадорот Дејвид Гир на којшто му беше врачена донацијата од околу 50 книги и публикации дарувани од страна на членовите на Клубот за Кампот за бегалци во Визбегово.

Со тоа Дипломатскиот клуб активно се вклучи во иницијативата на Делегацијата на Европската унија во Скопје да се за соберат и донираат книги, публикации и друга литература на англиски и француски јазик за потребите на бегалскиот камп Визбегово.

Во таа пригода Делегацијата на Клубот имаше и размена на мислења со амбасадорот Гир за актуелните меѓународни случувања, особено оние во ЕУ по изборите за Европскиот парламент, како и за перспективите на Северна Македонија за брзо продолжување на пристапните преговори за полноправно членство.

Имајќи предвид дека на амбасадорот Гир наскоро му завршува мандатот во нашата земја, претставниците на Дипломатскиот клуб му врачија пригодна благодарница за досега остварената соработка и поддршката од Делегацијата на ЕУ на активностите на Клубот.

 

 

Скопје, 09.07.2024 година

Сподели ја оваа објава на: