Skip to content
Почетна > Средба со академик Таки Фити

Средба со академик Таки Фити

Делегација на Дипломатскиот клуб-Скопје составена од претседателот ЈованТеговски и секретарот Виктор Габер оствари средба со академик Таки Фити, раководител на Центарот за стратегиски истражување “Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите.

Досегашната соработка помеѓу Дипломатскиот клуб и Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ беше оценета како извонредна и во знак на благодарност на академик Таки Фити му беше врачена и Благодарница од Дипломатскиот клуб за МАНУ.

На средбата стана збор и за идната соработка, при што беа разменети неколку идеи, вклучително и разгледување на можностите за потпишување на Меморандум за соработка, одржување на панел дискусија на теми од меѓународната политика во заедничка организација, објавување на текстови од областа на меѓународните односи во специјализираното списание на ДК “Дипломатски Летопис“ и друго.

 

Сподели ја оваа објава на: