Skip to content
Почетна > Средба со амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук

Средба со амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук

 

Дипломатски клуб – Скопје

Бр. 8/22

Скопје, 28 април 2022

 
     
   СООПШТЕНИЕ

Средба со амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук

Претседателот и секретарот на Дипломатскиот клуб – Скопје, амбасадoрите Огнен Mалески и Виктор Габер денес остварија средба со амбасдорката на Украина во Скопје, Наталија и разменија мислења за актуелните настани во двете земји.

Амбасадорката Задорожњук ја изкористи приликата и преку Дпломатскиот клуб да се зблагодари на солидарноста и помошта на македонските граѓани, институциите и невладиниот сектор за масовно изразената подршка на борбата на украинскиот народ за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Во врска со руската инвазија во Украина, и во оваа прилика беше нагласено очекувањето на членовите на Дипломатскиот клуб разумот да надвладе, итен прекин на воените активности и да и се даде шанса на дипломатијата во надминување на конфликтот со доследно почитување на важечките меѓународно-правни норми. Ниедна војна не може да ги реши проблемите во 21-иот век. Таа може само да ја загрози благосостојбата и да го уназади економско-социјалниот развој на народите, да предизвика масовни чoвечки жртви и страдања, истакнаа соговорниците на оваа средба.

Сподели ја оваа објава на: