Во организација на членови на Извршниот одбор и пријатели на Дипломатскиот клуб – Скопје на 13 јуни 2023 година во „Европската куќа“ на Делегацијата на Европската унија во Скопје се одржа средба со амбасадорот на Француската Република Н.Е. Сирил Бомгартнер.
По воведното излагање на амбасадорот на тема „Франција и проширувањето на Европската унија, со посебен осврт на Западен Балкан“ се разви поширока расправа која се одвиваше по правилата на Chatham house.