Skip to content
Почетна > Успешно одржан тенискиот турнир на дипломатите и бизнисмените

Успешно одржан тенискиот турнир на дипломатите и бизнисмените

Во организација на Министерството за надворешни работи, Дипломатскиот клуб и фирмата „Дајнерс Интернејшнел“, на 12 и 13 мај 2018 годнаа, се одржа 29-иот дипломатски (пролетен) Дипломатски тениски турнир. Оваа е прв пат дипломатите од МНР и оние од акредитираните амбасади во Република Македонија со бизнисмените во Македонија да ги одмерат силите на тениските терени во Тафталице во Скопје.

На овој турнир земаа учество 48 тенисери, а се натпреваруваа во двојки. Првото место го зазема двојката составена од претставникот на ОБСЕ Нунер и на Украина Палахувенец, која во финалето ги победи претставничките на Словачка и Македонија, а третото место го освои двојката од Словенија. Во име на Дипломатскиот Клуб на победниците им беа посделени книги издадени од страна на Клубот.

Сподели ја оваа објава на: