По повод преземањето на Унгарија на претседателството со Европската унија, претседателот на Дипломатскиот клуб – Скопје, амбасадорот Јован Теговски денес оствари средба со амбасадорот на Унгарија во Северна Македонија, Н. Е. Андраш Клајн.
На средбата беа разменети мислења во врска со актуелните случувања во Европската унија, при што амбасадорот Клајн ги претстави приоритетите на унгарското претседателство со ЕУ, меѓу кои и оние коишто се однесуваат на интеграцијата на З. Балкан во ЕУ.
Амбасадорот Теговски се осврна на најважните активностите на Дипломатскиот клуб и на амбасадорот Клајн му упати покана за средба со членовите на Клубот и негово излагање во контекст на наведените приоритети на унгарското претседателство со ЕУ, што со задоволство беше прифатено.