Н.Е. амбасадорот на Соединетите држави на Америка во Република Македониија, Џес Бејли беше гостин-воведничар во Дипломатскиот клуб. Средбата се одржа во МНР на РМ на 19 јуни 2018 година.
Амбасадорот Бејли пред македонските дипломати зборуваше за имплементацијата на националните интереси на САД во надворешната политика. Во дискусијата беа разгледани и ангажманите на САД и Европската унија во регионот на Југоисточна Европа и нивната меѓусебна координација.