Членовите на Дипломатскиот клуб – Скопје, по одржаното Годишно собрание, денес разменија мислења и околу најактуелните случувања на надворешен план. Случувањата на Блискиот исто, израелско-арапските вооружени судири со киднапирања, цивилни жртви и разорувања, иранскиот напад на Израел, по руската агресија врз Украина, претставуваат дополнително загрозување на светскиот мир. Во таа смисла најостро беше осуден воздушниот напад на Иран врз Израел којшто може да доведе до натамошна ескалација на безбедносните состојби не само на Блискиот исток.
Тие ја нагласија загриженоста дека овие настани можат да поттикнат активирање на ретроградни процеси во повеќе региони во светот во кои тлеат тензии, латентни судири и ќе имаат директно влијание врз светската економија и забрзување на милитаризацијата на општествата.
Уште еднаш беше укажано на потребата, наместо со оружје, проблемите и недоразбирањата меѓу државите и конфронтираните страни да се решаваат по мирен пат и дека во тој процес треба максимално да се искористат услугите на дипломатијата.
Скопје, 16 април 2024 година