Skip to content
Почетна > Средба со Андреј Јовковски, директор на Самостојна дирекција за маркетинг при Комерцијална банка а.д. Скопје

Средба со Андреј Јовковски, директор на Самостојна дирекција за маркетинг при Комерцијална банка а.д. Скопје

Претседателот Јован Теговски и Секретарот Виктор Габер на Дипломатскиот клуб-Скопје остварија средба со Андреј Јовковски, директор на Самостојна дирекција за маркетинг при Комерцијална банка а.д. Скопје.

На средбата беа разменети мислења и идеи околу идната соработка на Дипломатскиот клуб со Комерцијална банка, при што досегашната соработка и постигнатите резултати беа оценети како извонредни.

На директорот Јовковски Дипломатскиот клуб му врачи и Благодарница за досега остварената успешна соработка и добиената поддршка од страна на Банката за дел од активностите на Клубот.

Сподели ја оваа објава на: