На 1 февруари 2024 година, во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, се одржа промоција на книгата Долгата транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа, во организација на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС). Публикацијата на англиски јазик ја објави познатата академска издавачка куќа „Палгрејв Макмилан“ од Лондон.
Приредувачи и автори на ова издание се Роберт Хадсон, научник и универзитетски професор по историја од Велика Британија, и Иван Додовски, професор по критичка теорија и литература на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
Промотор на книгата беше францускиот дипломат од кариера, амбасадорот Ален Ле Роа, кој се осврна на неговите сведоштва за препреките со кои Македонија се соочуваше во тиранијата. Покрај приредувачите, кои говореа за потребата од извлекување на извлекување на заклучоци од искуствата во таа долга транзиција, на промоцијата говореше и претседателот Стево Пендаровски, еден од авторите на едно од поглавјата во оваа книга.
Дипломатскиот клуб-Скопје и УАКС имаат потпишано договор за соработка и остваруваат долгогодишна соработка.