Skip to content
Почетна > ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА НА АМБАСАДОРОТ БЛАГОЈ ЗАШОВ

ПРОМОЦИЈА НА НОВА КНИГА НА АМБАСАДОРОТ БЛАГОЈ ЗАШОВ

На 6 февруари 2024 година во Музејот на македонската борба беше промовирана книгата на амбасадорот Благој Зашов „РОМАНИЈА-МАКЕДОНИЈА, дипломатски разговори, средби и сеќавања (1996-2002)“. Во книгата потпретседателот на Дипломасткиот клуб, и првиот македонски амбасадор во Романија, Благој Зашов, на 750 страници продлабочено ја презентира неговата дипломатска активност во оваа пријателска земја.

Промоцијата беше замислена и изведена како дијалог на водителот (Ана Јовковска) со авторот и со промоторот амбасадор Виктор Габер на темата професионална дипломатија. На промоцијата се обрати и заменичката на романската амбасадорка на Романија во Македонија госпоѓа Вероника Чоулка.

Зашов како еден од ретките живи дипломати целиот свој професионален ангажман како дипломат го помина во дипломатијата од приправник до амбасадор. Пред својот ангажман како амбасадор на Република Македонија во Романија тој беше југословенски конзул во Лион (1986-1990) и постојан претставник на РМ во Советот на Европа (1993-1996). Во меѓувреме тој беше во постојан работен однос во Секретаријатот за односи со странство односно во Министерството за надворешни работи.

Оваа книга всушност го потврдува континуитетот на публицистиката активност на амбасадорот Зашов, кој покрај книгата „МАКЕДОНИЈА И СОВЕТОТ НА ЕВРОПА, спомени на еден македонски дипломат“ во јавноста постојано е присутен со писмени и уснени настапи за дипломатијата и меѓународните односи.

C:\Users\User\Pictures\426115981_25049090578070837_422502057442435041_n.jpg

C:\Users\User\Pictures\426141941_25049088458071049_5247360793589182630_n.jpg

C:\Users\User\Pictures\425842245_25049114004735161_5903379861902275131_n.jpg

 

Сподели ја оваа објава на: