Skip to content
Почетна > Претседателот на Дипломатскиот клуб Јован Теговски во емисијата “Дипломатија и Бизнис“

Претседателот на Дипломатскиот клуб Јован Теговски во емисијата “Дипломатија и Бизнис“

Претседателот на Дипломатскиот клуб – Скопје, Јован Теговски, на покана на уредникот на Информативната програма на МРТ, Стојан Трпчевски гостуваше во неговата емисија “Дипломатија и Бизнис“, што беше емитувана на јавниот сервис на 25 февруари, 2025 година.

Во едночасовниот разговор околу поголем број теми од дипломатијата како што се улогата на амбасадорот во претставувањето на неговата држава, дипломатијата некогаш и денес, важни моменти од кариерата на еден амбасадор итн., стана збор и за активностите на Дипломатскиот клуб.

Во овој дел амбасадорот Теговски се осврна на идејата за формирање на Дипломатски клуб со цел за афирмација и одбрана на интересите на државата во средбите со странските дипломатски претставници и пренесување на искуствата за дипломатијата на новите генерации на македонски дипломати. Нагласи дека реализација на овие цели на Клубот, во 15 години од постоењето на Клубот се остваруваа и во соработка со државните органи и невладиниот сектор, а во континуитет веќе 10 години го издава специјализираното списание „Дипломатски летопис“, а преку својот сајт www.diplomatskiklub.org.mk, ја информира јавноста за своите активности. По повод на својот 15-годишен јубилеј, во текот на годината Клубот планира да организира неколку настани, од кои првиот ќе биде Трибината “Пет години членство на Република Северна Македонија во НАТО: постигнувања, предизвици и перспективи“, што во заедничка организација со Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, ќе се одржи во Домот на АРМ на 13 март, 2025 година.

Целата емисија може да се погледне на Дипломатија и Бизнис – play.mrt.com.mk

Сподели ја оваа објава на: